0 коментари 1 мин. читање

Брзо дигитализирање табела од хартија во Excel документ

Може да се случи да наидете на физичка копија на табела полна со податоци и истата да ви ја треба и во електронска форма, како би можеле да менувате или додавате дополнителни бројки.

Одново правење и пололнување на табелата во Excel документ знае да биде долг, здодевен и крајно непотребен процес.

Секојпат кога ќе сакате да префрлите табела од хартија во Excel документ, потребно е да го направите следново:

  • Отворете ја апликацијата Excel од вашиот телефон
  • Изберете Blank Workbook, па потоа кликнете на која било ќелија
  • Штом се појават трите точки во долното десно ќоше, кликнете на нив
  • Изберете Home, па Insert, и, на крај Data from Picture
  • Штом се отвори вашата камера, сликајте ја табелата внимателно и под добро осветлување
  • Проверете рабовите на хартијата правилно да се одбележани и кликнете на Confirm
  • Табелата автоматски и со висока успешност е дигитализирана и може дополнително да се менува преку апликацијата од телефонот или пак да се препрати документ за уредување од некоја друга направа или од некое друго лице.
Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top