0 коментари 1 мин. читање

Сите онлајн алатки на едно место со TinyWow

TinyWow e дигитална ризница од бројни онлајн алатки за најразлични операции. Со посетување на веб сајтот, добивате пристап до уредник за PDF документи и најразлични операции, како спојување повеќе PDF документи во еден, конвертирање различни фајлови во pdf, делење pdf и ред други работи.

Но, TinyWow е многу повеќе од еден PDF уредник. Па така, можете да уредувате на најразлични начини и фотографии, видео материјали, или различни фајлови. Дури и имате алатка за правење meme-иња!

Независно од избраната алатка, целиот процес е крајно едноставен. Во нашата ситуација кога сакавме да изостриме слика, кликнавме на соодветното копче, ја поставивме сликата и процедурата автоматски започна и се заврши, со нудење дополнителни опции за рачно доприлагодување. Но, кога веќе сакате да избиструвате фотографии, можеби е подобро да пробате со Remini!

За се останато, TinyWow, е вашата дестинација. :)

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top