21 коментари 1 мин. читање

Зукерберг: Направивме еден куп грешки

„Најголемата порака која ја слушаме е дека луѓето сакаат поедноставна контрола за нивните информации. Едноставно кажано, повеќето од вас мислат дека нашите опции се комплицирани. Нашата намера беше да ви дадеме контрола врз секоја поединечна приватност; но тоа не е што повеќето од вас бараа. Ние само го промашивме тоа.“ вели Зукерберг.

Оваа колумна се појавува по имејл дописката меѓу Зукерберг и Роберт Скобле кој ги објави мејловите на својот блог. Во нив Зукерберг јасно наведе дека „направивме еден куп грешки“

„Направивме еден куп грешки, но се надевам дека на крајот сервисот ќе стане подобро место и дека луѓето ќе разберат дека нашите намери се на правото место и дека ќе одговориме на барањата на луѓето.“ пишува основачот на Facebook.

Зукерберг најави нови поедноставни опции за приватност, наведувајќи дека корисниците ја имат контролата кои информации се споделуваат, и дека Facebook не ги дава личните информации на рекламните агенции.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

21 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top