0 коментари 1 мин. читање

Прототипот на Steam Controller е готов

Steam конечно го има контролерот кој го посакуваа за своите Steam Machines. Новиот контролер повеќе наликува на класичните контролери и наместо на тачпад овојпат доаѓа и со класични копчиња. Новитет е и стикот кој за првпат се појавува на контролерот, надвор од некој од првичните предлози.

Тачпадот за десниот и левиот палец остануваат, а споменатиот стик и копчиња се наоѓаат под нив. Сликата на контролерот е достапна на сите корисници на Steam кои ја имаат последната бета верзија на клиентот. Изгледот на контролерот прв го забележа корисник на Facepunch форумот.

Се разбира ова е делеку од официјална потврда па дури и доколку е најверојатно финална верзија на контролерот ќе претрпи нови промени. Засега останува и непознато дали станува збор за прототип или единствено за идејно решение. Сепак со оглед на тоа дека претходната вест е дека конзолите се поместени за 2015 година, оваа новост ќе биде добредојдена за сите кои со нетрпение ги очекуваат Steam Machines.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top