0 коментари 1 мин. читање

Читајте електронски книги со Aquile Reader

Модерното време бара модерни читатели, а таквото нешто е најочигледно од практичното заменување на печатените книги во електронски.

За исполнителни сесии при читањето имате на располагање бројни алатки, една од нив е и Aquile Reader.

Директно преку Aquile Reader можете да преземете околу 50 000 електронски книги, наслови на кои им се истечени авторските права и можат бесплатно да се преземаат и читааат. Паралелно со ова, можете каква било ваша книга да читате преку апликацијата, под услов да е во форматот EPUB.

Прикажувањето на книгите е исклучително уредно и организирано, како би можеле лесно да започнете или да продолжите со читањето на книгите, дури и да сакате да им пристапите од некоја друга направа. Имено, книгите се синхронизираат и ако сте читале до стр. 50 преку телефон, продолжувате од таа страна и преку вашиот компјутер, или таблет.

Големината или форматот на текстот можете да го прилагодувате онака како што сакате, а може да изберете и да ви се чита книгата со некој од двата понудени машки гласови, или еден женски. До слични напредни опции доаѓаате со десен клик на претходно селектиран текст.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top