0 коментари 1 мин. читање

Добивајте ги сите ваши вести во едноминутна аудио форма, со Ausum

Да се биде во тек со вестите е исклучително важно, но често се случува или да немате време или да сте постојано во движење.

Ausum, како апликација за вашата iOS и Android направа, се стреми да ги трансформира вашите секојдневни, долги вести, во мали аудио дози, сè со цел побрзо да бидете информирани за вашите интереси.

https://youtu.be/JVL1GnX1d8U

Најважните вести од денот можете да ги слушате како кратки информативни извештаи. Таквите вести се прилагодуваат според вашите интереси, независно дали се работи за моментната политичка клима, компјутерски игри, или спорт. Кратките аудио вести се нижат според вашите претходно одредени интереси, што значи дека, додека сте во движење, постојано ќе добивате прилив на вести кои вам ви одговараат.

Целото искуство е едноставно, брзо и ефикасно. Со само неколку кликови доаѓате до испорачувањето на саканите содржини. Најдоброто од сè е тоа што можете да си ги преземете вестите и да ги слушате без потреба да сте приклучени на интернет.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top