Wordle е веб сајт за сите љубители на зборови кои сакаат да ги размрдаат сивите ќелии и да пробаат да погодат некој збор од пет букви. Принципот е едноставен. Пишувате каков било збор од пет букви, на англиски. Потоа полето на буквите се бои, или во сива, или во зелена, или во жолта боја. Ако буквата е во сиво поле, тоа значи дека таа буква ја нема во зборчето кое треба да го погодите. Ако е во жолто поле, тоа значи дека буквата ја има, но местоположбата треба да ѝ се промени. Ако некоја буква се наоѓа во зелено поле, тоа значи дека сте и ја погодиле местоположбата и потребно е да се фокусирате на другите букви.

Звучи интересно, нели? Проблемот е во тоа што имате само шест обиди да го погодите замислениот збор, а тоа што зборовите се на англиски би можеле да претставува дополнителен проблем. Во тој случај, насочете го вниманието на Зборле. Зборле, е Wordle, но за македонски зборови.

Кликнување на прашалникот ви дава кратки објаснувања за играта, а кликнување на симболот со трите столбови дава статистички увид за вкупен број обиди, прецентуална успешност, моментална низа и најдобра низа.
Пријатно ловење зборови!
Се вчитуваат нови одговори…
poweruser
poweruser
user
sensei
poweruser
hello world
lurker
poweruser
poweruser
poweruser
Tootle Puffer
poweruser
poweruser
Даскал
poweruser
Приклучи се на целосната дискусија на IT.mk | Форум →
Comments are closed.