0 коментари 1 мин. читање

Лични податоците на милиони сопственици на Acer уреди во „раце“ на хакери

Хакерската група Desorden успеа да ја пробие заштитата на Acer и да дојде до 60 гигабајти податоци за корисниците на Acer. Веста за пробивањето на серверите на Acer најпрво ја објави хакерската група а потоа ја потврди и компанијата.

Дел од податоците кои се украдени се имиња, адреси, телефонски броеви, но и некои корпоративни финансиски информации, јави Digital Trends.

Напаѓачите успеале да ја пробијат заштитата на серверите на Acer во Индија и оттаму да украдат податоци за милиони корисници. Групата сподели видео во кое ги покажува украдените податоци и како пример бесплатно споделија податоци од 10 000 жртви на овој напад.

„Што го забележавме нападот веднаш ги активиравме безбедносните протоколи и лансиравме целосен скен на системите. Ги контактиравме сите потенцијални жртви во Индија. Инцидентот е пријавен до органите за спроведување на законот и до Индискиот тим за итна компјутерска реакција“, вели претставник на Acer за BleepingComputer.

За жал ова е дури втор пат Acer да биде жртва на голем онлајн напад оваа година. Пред седум месеци групата REVil ги „заклучи“ податоците на Acer и побара откуп од 50 милиони долари во криптовалутата XMR.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top