Во случај да отсекогаш сте сакале да се видите себеси во некој филм, како го менувате главниот актер, тогаш таквото нешто е повеќе од можно, со мала помош од Ai алгоритмите на FaceMagic.
FaceMagic e апликација која специјализира во брзо менување на едно лице со друго, при што трасформацијата е до тој степен добра да лесно би можеле да бидете импресионирани од финалните резултати.
За да го прилепите вашето лице на некој од бројните клипови (а ги има навистина многу), потребно е да си направите селфи (без смеење) или да извлечете некоја претходно направена фотографија. Потоа, потребно е да дозволите неколку моменти да произлезе клипот со вас во главната улога :). Финалниот производ може да го споделите на кого сакате или пак да си го сочувате за вас.
FaceMagic е бесплатен за користење, само доколку сте задоволни со ограничено експериментирање на ден.







