1 коментар 2 мин. читање 5 ноември, 2021

Следете временски прогнози со UV Weather

UV Weather нуди детална временска прогноза директно од вашиот прелистувач. Се работи за екстензија за Chrome, но и за други Chromium засновани прелистувачи.

По инсталирање и покренување на екстензијата, UV Weather автоматски ја открива вашата моментна локација и прикажува детални прогнози за идните 48 часа, следните четири дена, или пак за цела недела.

UV Weather е значително повеќе од алатка која само ја предвидува температурата и на располагање имате изобилство од корисни информации. Па така, можете да дознаете кога точно изгрева сонцето, кога заоѓа, а кога почнува „златниот час“ – нешто што знае да биде исклучително важно за луѓето кои се по фотографирање. Паралелно со ова, можете да го проверувате квалитетот на воздухот, UV индексот, и слично.

UV Weather ви дозволува лесно да патувате низ прогнози за различни локации, а на располагање имате и мрачен режим.

Преземете ја алатката тука!

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top