A1 Македонија со промоција која нуди 100 GB мобилен интернет месечно

во ИТ.МК

А1 Македонија ја одбележува втората година од воведувањето на А1 брендот на македонскиот пазар.

Ова беше повoд А1 Македонија да престави нова, септемвриската промоција. Во понудата како дел од поволностите за корисниците, покрај мобилниот пакет, доаѓаат и 100GB мобилен интернет месечно, богато конвергентно портфолио, и телефони.

Во овој период А1 Македонија продолжува да ги реализира ветувањата за слободна и неограничена комуникација и да креира нови понуди за мобилни и фиксни услуги како и нивна комбинација во конвергентни услуги кои овозможуваат мобилни и интернет услуги и телевизија на фиксна локација.

Инвестиции од над 30 милиони евра се насочени во изградба на сопствена современа мобилна мрежа која на корисниците им овозможуваат брз, квалитетен и стабилен пренос на податоци, како и најсовремена мобилна комуникација, и повици со ултра висок HD квалитет. Понатаму, постојаното вложување во проширувањето на фиксната мрежа за интернет и телевизија, овозможува пристап преку кабелска и оптичка мрежа до над 270 илјади домаќинства со супер-брз стабилен интернет и најквалитетна телевизија на пазарот со интерактивни функционалности.

“Изминатите две години за А1 брендот значеа постојан раст, период кој иако исполнет со бројни предизвици, стана синоним за технолошки развој во кој постојано ја предизвикуваме иднината со посветено креирање најдобри производи и услуги кои на корисниците им овозможуваат повеќе вредности и тоа со најповолни услови. Посветеноста кон постојано градење доверба со нашите корисници го докажуваме со континуирана надградба на сопствената мрежа што резултира со стабилна и најбрза мобилна интернет конекција, неопходна во секојдневната комуникација и поттикнување на дигиталниот начин на живеење.”, изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.

Со тарифниот модел A1 Neo M+ корисниците добиваат 100GB мобилен интернет месечно. Доколку сообраќајот не се потроши, се зачувува и понатаму преку апликацијата Мојот А1 може да се размени за други бенефити. Дополнително, корисниците може да одберат и некој од понудените паметни телефони по пониска цена.

Промени има и кај A1 Combo портфолиото кое нуди интернет, телевизија и мобилни услуги со можност за креирање на ТВ програмската шема. A1 Combo корисниците добиваат и субвенција за набавка на уред. Така, со најпопуларната комбинација A1 Net M + TV M со две мобилни линии A1 Neo M+ корисникот добива можност да одбере 4K HDR, Xiaomi 4S 43’’ телевизор со андроид оперативен систем за 0 денари.

“Нашето големо А1 семејство кое брои над милион корисници е модерно и динамично, секогаш подготвено за предизвици и да живее нови искуства. Горди сме што и овојпат придонесуваме за непречена комуникација на секој поединечно и за целото семејство. Продолжуваме понатаму со засилена динамика, иновативност, и посветеност уште поинтензивно да ја обликуваме сегашноста, и да ја предизвикаме иднината со најсовремени дигитални решенија кои ги ставаме на располагање на нашите корисници.“, потенцира Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.

Повеќе информации за септемвриската промоција можете да најдете на www.a1.mk


Напомена согласно нашите етички принципи: А1 Македонија е долгогодишен клиент на компанијата која стои зад IT.mk – IWM Network, текстот не е реклама туку проследување на соопштение за јавност кое IT.mk редакцијата смета дека ќе им е од корист на читателите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk