0 коментари 2 мин. читање 5 јуни, 2014

Апликација на денот: Bu{s}k е Windows апликација за снаоѓање низ Скопје

Bu{s}k е Windows 8.1 апликација на Александар Михајловски и Филип Јаневски која ќе ви помогне да се снајдете во главниот град. Апликацијата користи GPS и Google Map за на корисниците да им помогне при патувањето низ Скопје. Bu{s}k ја покажува рутата по која треба да се движи корисникот автобусите кои возат по рутата и доколку е тоа потребно станицата на која треба се промени. Засега апликацијата е целосно бесплатно, а наскоро може да видиме и мобилна верзија за Android што би било попрактично решение за снаоѓање низ градот.

За користење на апликацијата корисникот треба најпрво да ги внесе почетната и последната станица, иако наместо внесување на почетната локација може да се прочита преку GPS. По одбирањето на „find route“ апликацијата го презентира патот по кој треба да се движи корисникот, пешачењето до автобуските станици, возењето со автобус и доколку е потребно станицата на која корисникот треба да го промени автобусот.

„Корисникот може да се „ослободи“ од внесување на почетната адреса. Имено, доколку сака за почетна адреса да биде земена точната локација каде што се наоѓа во моментот, потребно е да ја означи опцијата GPS и дополнително само да ја внесе крајната адреса до која што сака да патува“, објаснува Александар.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top