0 коментари 2 мин. читање 5 јуни, 2014

Tаблет компјутери со Intel Core M ќе бидат моќни како десктоп PC-јата

Intel со Core M-серијата на процесори сака да ја донесе моќта од десктоп на таблет комјутерите. Ова се разбира значи дека новите процесори ќе мораат да имаат поскромна потрошувачка на енергија, имајќи го во предвид капацитетот на батериите. Новата серија ќе биде базиран на i3, i5 и i7 процесорите, а главна карактеристика им е што ќе имаат потрошувачка на енергија помала од 10 вати. „Ова е најштедливиот процесор во историјата на Intel“, вели Рене Џејмс, претседателот на Intel.

Компанијата веќе го презентираше првиот Core M хибриден таблет кој засега е сè уште e протототип. Таблетот е со 12,5 инчен дисплеј и Core M кои е познат и како Broadwell Y. Според компанијата таблетот е полесен од iPad Air, со процесори кои се помоќни од десктоп процесор. Asustek е првата компанија која најавува дека дека ќе ги користи Core M процесорите во своите уреди, а првите компјутери ќе се појават до крајот на 2014 година.

Со оглед на намалената продажба на десктоп компјутери, Intel се обидува да се пробие на пазарот за хибридни и таблет компјутери. Досега главен адут на Intel на овој пазар е Atom, кој барем засега не успеа да го освои пазарот на кој сè уште владеат ARM процесорите.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top