1 коментар 1 мин. читање

Како да ја пронајдете вашата Wi-Fi лозинка?

Знае да биде непријатно кога некој ќе ја побара вашата Wi-Fi лозинка, а вие воопшто не ја паметите. Во таква или слична ситуација би можеле да ја дознаете истата на некој од следниве два начини:

  • Инсталирајте ја апликација Nirsoft’s WirelessKeyView за да ја видите лозинката за мрежата на која вашето PC е приклучено.

или

  • Кликнете на копчето Start, напишете ncpa.cpl и претиснете Enter. Десен клик на Wi-Fi конекцијата преку прозорецот што ќе ви се отвори, изберете Status, па Wireless Properties. На крај, преку јазичето Security штиклирајте Show Characters за да се појави Wi-Fi лозинката.
How to View Wi-Fi Password in Windows 10 (2 Easy Methods)

И двата начини се релативно брзи, но ние го препорачуваме вториот затоа што не бара никакво инсталирање надворешни апликации.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top