0 коментари 1 мин. читање

LG вели дека е ОК да си разговарате со вашиот фрижидер; го стартува HomeChat

LG претстави сервис за пораки HomeChat со кој ќе може да проверите уште колку пиво имате во фрижидерот или да ја стартувате рерната преку мобилниот телефон. Сервисот користи Natural Language Processing (NLP), а паметните уреди од линијата на LG комуницираат со корисниците преку LINE, популарна азиска апликација за четување со над 300 милиони корисници. Поради LINE корисниците ќе можат да добиваат пораки од своите домашни уреди каде и да се наоѓаат.

Во моментот Homechat функционира со одредени паметни уреди како фрижидер со камера за да проверите што недостасува, а има и Freshness Tracker за да го проверува рокот на истекување на храната; со машина за перење која може да се стартува преку мобилен телефон; и со печка која сугерира рецепти и поддржува NFC и WiFi за полесно далечинско контролирање. Единствениот проблем на Homechat, и општо на сите домашни уреди поврзани преку Интернет на нештата, е што колку поголема контрола имате преку мобилен телефон, толку и поголема шанса некој да ви ги хакне уредите и да направи хаос. LG Homechat стартува во Јужна Кореја, и потоа ќе биде достапен во САД и други региони.

[youtube]PplAymrv0hA[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top