Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио сака од постоечките 9.903 телефонски говорници во Њујорк да направи хотспоти за бесплатен WiFi интернет. Иако ова не е прв пат да се појави оваа идеја, планот на г. де Бласио е подолгорочен, известува Slate.
„Со користење на историскиот белег на улиците на Њујорк можеме значително да го подобриме јавниот пристап до ширакопојасен интернет, ова ќе биде покана за нови инвативни дигитални услуги и пораст на приходите на градот, сето ова доаѓа сосем бесплатно за граѓаните“.
Интересно е што сите средства потребни за надградбата и оперативни трошоци на новите 10.000 WiFi хотспоти ќе доаѓаат од рекламите кои се поставени на телефонските говорници. Доклку планот се оствори Њујорк ќе биде еден од градовите со најголема Wi-Fi мрежа во САД.
[youtube]dyBbKP-dOv8[/youtube]
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.