0 коментари 2 мин. читање 16 април, 2014

Squawka за iOS ќе ви ги покаже сите статистики од секој фудбалски натпревар

Squawka e бесплатна iPhone и веб апликација која треба да ја поседува секој љубители на фудбалот. За разлика од останатите слични апликации тимот зад Squawka е навистина опседнат по статистика, па покрај вообичаените опции апликацијата доаѓа со куп статистики: најдобар асистент, најпрецизен додавач, најмногу голови и слично.

Апликацијата е поделена на неколку секции: лидери, лига, „dashboard“, и омилен клуб. Во делот лидери може да ги видите фудбалерите кои водат во повеќе статистичи категории: голови, асистенции и слично. Лига овозможува преглед на табелите за најголем број на фудбалските лиги. „Dashboard“ е делот на кој пристигаат податоците и статиите од останатите локации, статистики и слично. Освен овие апликацијата има еден куп други опции и без сомневање спаѓа во најдобрите апликации за фудбал кои се достапни.

За жал, барем засега апликацијата е достапна единствено за iOS, но веќе е во изработка и нејзината Android верзија.

[youtube]oJxQ4RtrnGU[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top