На 13 април од 12:00 часот ќе со одржи првата квалификациона рунда на осмото издание на CodeFu натпреварот, во кој учесниците ќе можат да ги докажат своите програмерски квалитети. Право на учество како и досега, имаат сите македонски студенти и постдипломци, како и македонските студенти кои студираат насекаде во светот.
Овој натпревар е главниот годишен натпревар кој се одржува секоја година напролет. Натпреварот има две квалификациони рунди и една финална рунда. Тројцата најдоби ќе патуваат на европската JAVA конференцијата JAZOON 14 која се одржува во Цирих, Швајцарија.
Сите заинтересирани можат да се регистрираат за учество на сајтот на CodeFu.