0 коментари 1 мин. читање

Апликација на денот: Google Keep доби опција за да пребарува текст во фотографии

Новата надградба на Google Keep 2.2 е достапна за корисниците, а новата верзија ќе им овозможи подобрени листи, подобрена селекција на повеќе профили, и можност за пребарување на текст во сликите.

Пребарувањето на текст во сликите е најголемиот новитет, а неодамна и Onenote ја додаде оваа опција, во својата десктоп апликација. Апликацијата го пронаоѓа текстот во сликите речиси веднаш, што е далеку побрзо од нивниот главен конкурент на Android, популарниот Evernote, известува The Next Web. Освен ова корисниците ќе можат да изберат каде ќе одат чекираните или новите членови на листите. Вообичаено апликациите се надградуваат по модели и региони, па може да потрае пред да бидат достапни на сите телефони. Доколку сте нестрпливи можете да го преземете од тука.

[youtube]UbvkHEDvw-o[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top