Џон Мекафи пронајден мртов во својата затворска ќелија

во Вести

Основачот на компанијата која креираше еден од најпрепознатливите анти-вируси McAfee, Џон Мекафи е пронајден мртов во својата затворска ќелија. Одделот за правда на Каталонија објави дека сè укажува дека г. Мекафи си го одземал животот.

Телото на основачот на McAfee е пронајдено само неколку часа откако властите во Шпанија се согласија да го екстрадираат во САД. Тој беше уапсен во 2020 година во Шпанија по меѓународна потерница поради затајување на данок. Во периодот на апсењето немал поднесено даночна пријава четири години. Одделот за правда на САД се сомнева дека г. Мекафи ја криел својата заработка на различни банкарски сметки и сметки за крипто-валути кои не биле под негово име.

McAfee VirusScan е првиот комерцијален анти-вирус. Компанијата и г. Мекафи имаа значителна улога во развојот на индустријата која сега вреди милијарди долари. Во февруари 2011 Intel го купи McАfee за 7,6 милијарди долари.

Иако анти-вирус софтверот го направи милијардер, во интервју за BBC, изјави дека никогаш не користел никаков анти-вирус. Се заштитувал со често менување на IP-адресата, не го внесувал своето име и лични податоци на ниту еден компјутер кој го користел, и не одел на веб-страници на кои може да се зарази со вирус.

Во 2016 и 2020 година неуспешно се обиде да се кандидира за претставник на Либертаријанската партија на Претседателските избори во САД.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments