0 коментари 2 мин. читање 29 јануари, 2014

ОК Glass, play game: Погледнете како се играат мини-игри на Google Glass

Google им даде задача на своите програмери да најдат креативен начин за како да се играат игри на Google Glass. Иако очилата се замислени како хардвер кој ја збогатува реалноста со информации, и се побрз начин на фотографирање и шпионирање, сепак гејмингот никако не треба да се изостави. Игрите се едни од најсимнуваните и најпрофитни апликации за мобилните телефони, и можат да бидат само подобри и подруштвени преку проширената реалност.

Игрите кои Google ги покажа во своето видео се едноставни аркадни игри, и иако можат да бидат забавни, сепак се направени да ги покажат функционалностите на уредот. Со Glass како уникатен уред е променет начинот на играње, па наместо со копчиња се играат со гласовни команди и движење на главата. Можеби ќе изгледате како лудаци кога ќе си зборувате сами на себе, мрдајќи ја главата лево и десно по тениското топче, но што ви е гајле кога имате кул и футуристички очила, нели?

[youtube]9naxeHGIaRY[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top