0 коментари 1 мин. читање

Google развива таен проект во медицината кој вклучува биосензори

Членови на Google Х тимот имаа тајна средба со медицинскиот тим на регулаторот FDA, на средбата е можно да се разговарало околу продукт со биосензори од тимот кој ги развива комјутеризираните очила, јавува Bloomberg.

Според извештајот, четиричлен тим од Google, помеѓу кои има и членови од Google X лабораторијата, се сретнале со членови на FDA чија специјалност се очни помагала и дијагностика за срцеви заболувања. Средбата во календарот на FDA е под „meet and greet“ што најверојатно значи дека барем засега не се работи за конкретен уред, но покажува дека Google во иднина би можел да работи на сличен продукт.

Едно од полињата на разговор кој може да биде тема на раговорите е Glassomics, односно примена на Google Glass за следење на виталните знаци кај пациентите. Покрај ова очилата за проширена реалност ќе можат да прикажуваат и медицински податоци, извештаи директно пред очите на лекарите.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top