0 коментари 2 мин. читање

Threshold е работното име на Windows 9, кој е закажан за во април 2015-та година

Microsoft ќе го издаде Windows 9 во април 2015 година, а повеќе вести може да чекаме на Конференцијата за програмери која ќе се одржи во април годинава, јавува Пол Турот редовен аналитичар на Windows. Според податоците компанијата има желба што побрзо да го заборави Windows 8 и да се посвети на следната итерација на оперативниот систем. Засега се работи на оперативниот систем под име Threshold, а дел од промените ќе бидат враќање на Start-менито и метро апликации кои ќе работат на десктоп компјутерите. Metro 2.0 ќе овозможи овие апликации на десктоп да работат во различни прозорци на десктоп компјутерите.

Најавите се дека Threshold ќе има три изданија пред финалната верзија, но според првичните најави останува непознато како и дали воопшто овие верзии ќе и бидат достапни на пошироката јавност. Според податоците Microsoft ќе почне да работи на оперативниот систем еден месец по конференцијата во април, која треба да послужи за одредување на насоката во која ќе се движи следниот оперативен систем.

Доколку се покажат како точни информациите за новиот оперативен систем, ова ќе биде своевидно признавање дека нешто не е во ред со Windows 8, ако ништо друго тогаш дека корисниците не го прифаќаат сегашното решение, ова е се поевиденто со оглед на тоа дека „осмицата“ се наоѓа на компјутерите на само 25 милиони корисници. Тоа што изгледа сигурно е дека и со новиот оперативен систем Microsoft повторно ќе се обиде да ги обедини Windows телефоните, таблет и десктоп компјутерите.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top