Како што сигурно знаете, исклучително тешко е да се дојде до најновата конзола на Sony, а проблемот лесно би можел да се развлече и во 2022 година. Тоа, меѓутоа, никако не го спречува тимот да работи на нов модел кој ќе се одликува со малку поразличен процесор.
Моментно, нема преголеми детали за новиот модел, но се очекува да крие под хаубата 6nm AMD Zen 2 процесор. Процесорот кој се користи во моментните конзоли е 7nm. Со ваквиот потег се очекува да се добие суптилно зголемување на перформансите, како и поекономично искористување на енергијата.
И покрај целиот хаос поврзан со недостатокот на конзолите, ваквите ревизии воопшто не се новитет и често се случуваа и со претходните генерации. Целта им е да се подобри дизајнот, да се исправат недостатоците и, најважно од сè, да се намалат трошоците на производство. Останува да се надеваме дека барем до тогаш, работите ќе се средат и конзолите ќе станат достапни за што е можно повеќе гејмери.







