WWDC 2021: надградби на оперативните системи iOS 15, iPadOS, watchOS, macOS

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Worldwide Developer Conference и оваа година ни донесе куп најави кои во најголем дел се однесуваа на оперативните системи на уредите на Apple.

Главен фокус на компанијата и натаму е приватноста на корисниците. Оваа година Apple го претстави Apple Relay. Станува збор за функционалност која на корисниците им овозможува поголема приватност и заштита. iCloud Private Relay ќе го спречи следењето на корисниците од сите, па дури и од интернет провајдерите.

За оваа цел целиот интернет сообраќај ќе биде пренасочен преку сервер на Apple на кој ќе биде отстранета оригиналната IP адреса. Потоа сообраќајот се насочува на друг сервер во сопственост на трета страна. Тука ќе биде доделена привремена IP-адреса. Ова треба да овозможи никој, па ниту Apple да не знае од каде доаѓа сообраќајот.

Ова секако звучи одлично, ама… Apple најави дека оваа функционалност нема да биде достапна на корисниците во Кина, Белорусија, Колумбија, Египет, Казахстан, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Туркменистан, Уганда и Филипините. Веројатно токму на корисниците во овие држави им е и најпотребна.

iOS

Интересно оваа година има вести и за корисниците кои не користат уреди на Apple. FaceTime ќе може да се користи и на Windows и на Android, поточно корисниците на FaceTime ќе можат да испратат линк-покана за приклучување на FaceTime разговор. Овие корисници на разговорите ќе се приклучат преку прелистувачот; Дали ќе можат и самите да креираат разговор засега е непознато. Новата верзија на FaceTime ќе има и повеќе интересни надградби, од „спатиал“-аудио до изолирање на гласот за подобра комуникација.

Корисниците на iPhone со iOS 15 ќе можат да креираат различни профили за различен период од денот. Компанијата ова го нарекува „Focus“, и ќе можат да користат апликации за поголема продуктивност кога се во канцеларија или фитнес апликации кога вежбаат.

Од другите интересни надградби за iOS новитет е Live Text функционалноста која овозможува препознавање на текст на фотографии.

Од апликациите промени се направени и на Apple Maps. На мапите сега се ископирани дел од функционалностите на Google Maps. Па има можност корисникот со помош на камерата да ја разгледа околината и врз база на ова да провери во која насока треба да се движи.

iPadOS

Пред неколку години таблет компјутерите на Apple добија сопствен оперативен систем. Надградбите на iOS најчесто се однесуваат и на iPad верзијата, иако за поголема продуктивност има промени кои се со фокус на поголемиот екран.

Виџетите за iOS сега се достапни и на iPadOS, со таа разлика што се прилагодени за поголем екран и поголеми димензии. App Library од оваа верзија ќе биде достапна и за iPad. Функционалноста им овозможува на корисниците организиран преглед на апликациите на iPad.

Новитет ќе биде и ново мултитаскинг мени. Apple ќе ги замени гестикулациите кои веројатно корисниците не ги помнат со ново „Drop-down“ мени во горниот дел на екранот, кое ќе им овозможи на корисниците полесно да работат и да менуваат активни апликации.

AirPods

Слушалките наскоро ќе добијат нова одлична функционалност. Корисниците ќе можат да ги користат кога разговараат во гласно опкружување да го појачаат гласот на соговорникот, нешто налик на супер слух. Дополнително „Find My“ апликацијата ќе може да се користи и за слушалките дури и ако слушалките се во кутивчето.

macOS

Името на новата верзија на macOS е Monterey. Надградбата на оперативниот систем ќе овозможи синхронизирано гледање на филмови и слушање на музика со пријателите преку FaceTime.

Оперативниот систем има неколку интересни промени. Корисниците кои го користат iPad заедно со својот Mac сега ќе можат да го користат глувчето да управуваат со двата уреди, а истото ќе важи и за тастатурите. Ова е овозможено со Universal Control функционалноста која ќе обезбеди три уреди да може да користат заедничко глувче, тастатура или тракпад.

Новитет е и надградбата на Safari кој се приклучи на трендот на оперативните системи за креирање на групи од табовите кои се отворени.

watchOS

Добра вест за сите кои имаат проблеми за фокусирање при медитација е дека следната надградба на часовникот ќе им овозможи да го користат како водич за медитација. Покрај ова доаѓа и можност за следење на работата на срцето, ниво на кислород во крвта и дишењето.

Вообичаено секоја надградба на часовникот доаѓаат и нови теми (сликички) кои корисниците можат да ги користат.

Apple Watch и со новата надградба продолжува да биде фокусиран на фитнес, но овојпат малку поголем фокус има и на здравјето и следење на здравствените ризици. Сопствениците ќе можат податоците од часовникот да ги споделуваат со своите лекари или членови на семејството, и со ова полесно ќе се следи здравствената состојба.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] post WWDC 2021: надградби на о&#1… appeared first on […]

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Matrix Global

Fullstack Developer

Matrix IT Global Services Macedonia

Marketing Strategist

види ги сите огласи на kariera.it.mk