1 коментар 1 мин. читање

Идентификувајте птици по нивниот уникатен звук со BirdNET

BirdNET e бесплатна апликација која ги идентификува птиците по звукот кој го испуштаат. Апликацијата е достапна и за Android и за iOS. Се работи за интересна и забавна апликација, особено доколку се опуштате во дворот, слушате милозвучно пеење и сакате да дознаете за каква птица се работи.

Апликацијата BirdNET препознава над 3000 врсти птици од Европа и Северна Америка. Ваквото нешто е возможно благодарение на имплементираната вештачка интелигенција. Она што треба да направите е да ја снимате пицата која пее, да ја отстраните непотребните делови и да изберете Analyze за да се испрати фајлот на соодветните сервери.

За само неколку секунди ќе дознаете за каква птица се работи, како и бројни други информации поврзани за неа. Доколку изберете Explore your area ќе дознаете и какви птици има во ваша близина.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top