0 коментари 1 мин. читање

Oва се првите слики од Android телефонот на Nokia

Nokia сепак работи на Android телефон, открива @evleaks кој сподели слики од телефонот на Twitter. Компанијата сепак малку го променила изгледот на оперативниот систем, а ако им се верува на сликите телефонот доаѓа со Skype и Viber. Project Normandy, како што е наречен Android телефонот доаѓа со сопствена верзија на оперативниот систем, иако не е со голена како онаа која се користи на таблетите од Amazon. Со оглед на тоа дека наскоро Nokia ќе се префрли под Microsoft ќе биде интересно да се проследи развојот на настаните со овој уред и дали Microsoft ќе ја издаде Normandy серијата воопшто.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top