0 коментари 1 мин. читање 9 јануари, 2014

Samsung Galaxy S5 ќе дојде во април и можеби ќе има безбедносен сензор за скенирање на очите

Samsung на CES 2014 најави дека најновата петта верзија на Galaxy паметните телефони ќе се појави во април, и, за да бидат подобри од Apple и iPhone 5S сензорот за читање на отисо ци, можно е да има сензор за скенирање на очите со кој ќе се отклучува телефонот.

Се уште нема детали за цената или спецификациите на Galaxy S5, ниту пак со сигурност се знае дека ќе има сензор за скенирање на ирисот, но Samsung вели дека работат на можноста да го вградат во S5 бидејќи ќе биде популарен кај кориснциите. Galaxy S5 ќе биде објавен заедно со нова верзија на паметниот часовник Galaxy Gear, и можно е да бидат продавани заедно. И двата уреди ќе имаат нов дизајн.

Најавата за нови Galaxy уреди доаѓа само неколку дена по објавата дека јужно-корејскиот гигант, и најголем продавач на паметни телефони, забележа прво опаѓање на профитот од 2011-та година.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top