Европската Унија предложи нацрт-закон која ќе им наложи на производителите на мобилни телефони да обезбедат и универзален полнач за батерии кој може да се користи на сите мобилни телефони, вклучувајќи ги и паметните. Според нацртот, кој е наменет да стави ред помеѓу се поразличните уреди на пазарот, ќе постојат „хармонизирани правила за радио опрема, вклучувајќи ги и мобилните телефони и модеми“.
Нацртот првин треба да го помине Европскиот Парламент во март за да стане легислатива, а потоа да биде прифатен од земјите-членки кои ќе ги одредат деталите на предлогот. Штом се одобри, земјите-членки ќе имаат две години да ги претворат европските регулативи во национален закон кој, според очекувањата, треба да биде имплементиран од 2017-та година, пишува Reuters. За големите производители, вклучувајќи ги и Apple и Samsung, ќе значи дека треба до тогаш да најдат начин да ја адаптираат својата технологија во телефоните за да го испочитуваат стандардниот полнач.
Коментари
4 коментари
Коментарите се затворени.