Денеска има стотици и стотици апликации за вклучување на вашиот блиц кој би се користел како светилка. Обично, ваквите апликации се бесплатни, но желни за агресивно пласирање реклами. Со оглед на тоа колку е лесно да се вклучи блицот со поновите модели, ваквите апликации се чини дека се повеќе проблематични отколку корисни.
Flashlight е апликација која бесрамно ве борбардира со реклами, особено по вклучување или исклучување на блицот. Навистина иритирачки, но, Flashlight е и апликација со една крајно уникатна функција. Имено, ви дозволува да напишете збор или фраза, да кликнете на Start и да дозволите вашиот телефон дава долги и кратки светлосни сигнали, односно визуелно да го искаже зборот користејќи Морзеова азбука. Нека шпионските лекции започнат! :D
Коментари
3 коментари
Коментарите се затворени.