Во Македонијa интернетoт во просек симнува со 11,17 Mbps, се вели во најновиот извештај на NetIndex, oдносно Speedtest.net, направен со анализа на 408.000 уникатни IP адреси од земјава и околу 3 милиони тестови во период од октомври до ноември. Можеби 11,17 Mbps во Македонија не треба да се потценат, но сепак не се доволно за да бидеме до глобаниот просек од 16,22 Mbps за преземање, или 7,10 Mbps за испраќање на податоци.
Оваа брзина ја става Македонија на 64-тото место на листата на земји со најбрз интернет, веднаш пред Мадагаскар, но зад Куракао и Аруба. Хонг-Конг го има убедливо најбрзиот интернет од 71,03 мегабити по секунда, а по него следат Сингапур со 52,85 Mbps, Романија со 50,82 Mbps и најповрзаната земја во светот, Јужна Кореја, со 47,36 Mbps. Од соседните држави, Бугарија на 18-тото место ги има најдобриот интернет со 29,12 Mbps, Турција е на 73-то место со 9,46 Mbps, а Србија е на 82-рото место, веднаш пред Грција и пред Босна и Хрватска кои се на 94-то, односно 97-мо место.
Во Македонија, пак, Берово го има најбрзиот интернет од 13,60 Mbps за симнување, и 7,14 за испраќање на податоци. Потоа следат Велес, Скопје, Кавадарци и Штип…

Коментари
8 коментари
Коментарите се затворени.