0 коментари 1 мин. читање

Фрлете го Panono во висина за да направите панорама oд 72 мегапиксели

Panono е идеја за нов вид фотоапарат, креиран од Јонас Пфеил, а составен од 36 камери кои овозможуваат фотографирање на панорами со резолуција од 72 мегапиксели. Користењето на камерата е едноставно, само се фрла во висина, а таа автоматски детектира кога е на највисоката точка од летот и фотографира со сите 36 камери.

Проектот е стар две години, но новата верзија треба да биде помала и поефтина, а со тоа ќе биде возможно да ја користат повеќе корисници. За остварување на проектот г. Пфеил се обрати на иднинте корисници и преку Indiegogo се надева дека ќе успее да собере 900.000 долари. Доколку биде успешен донаторите кои ќе донираат 500 долари ќе бидат првите кои ќе го добијат Panono, во продажба уредот ќе чини 600 долари.

[youtube]c8xjXqC9m2A[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top