Премиер лигата ја повлече тужбата против YouTube, клубовите ќе може да објавуваат видеа од натпреварите

во Веб, Свет

Премиер лигата, Француската тениска федерација и неколку издавачи на музика се откажаа од тужбите против YouТube, известува Guardian. Спорот помеѓу YouТube и Премиер лигата траеше шест години од 2007 година, а се однесува на прекршување на авторските права за видеата кои ги закачуваат клубовите и фановите. Спорот започна околу видео клипови кои се снимени од телевизиски преноси и објавени на каналите на YouТube. Во тужбата се приклучија повеќе заинтересирани страни кои се претставени преку Viacom, а сакаа во една судска парница да се решат несогласувања со видео сервисот.

Одлуката за крај на спорот доаѓа по пресудата на суд од Њујорк кој во мај пресече дека не постои релистична можност да пресуди за сите случаи во еден судски процес и дека ќе мора да се разделат тужбите. Конечно двете страни се откажаа од спорот и се согласија сами да ги платат трошоците на судот.

Со одлуката фудбалските клубови ќе можат да објавуваат кратки видеа од натпреварите на своите канали на видео сервисот, што им беше забрането до сега. YouТube веќе им понуди алатки на премиерлигашите за да ги забранат нелиценцираните содржини или да ги монетаризираат закачените видеа. Премиер лигате се одлучи да ги отстрани сите видеа за да ги заштити 5,5 милијарди фунти вредни права кои им се отстапени на телевизиите. Според Guardian, во блиска иднина Премиер лигата ќе се заврти кон веб страните кои нелегално ги стримаат преносите на фудбалските натпревари.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments