0 коментари 1 мин. читање

Fancy е првиот стартап кој заработува од Google Glass

Стартапот за е-трговија Fancy е можеби првиот стартап кој профитира од Google Glass очилита со проширена реалност, пред се поради своите приврзаници кои купуваат мода и луксузни производи.

Апликацијата за Glass на Fancy има релативно едноставен пристап. Таа се обидува да ја пронајде истата или најсличната работа на пазарот до објектот кој го фотографирате со Glass. Причината поради која Fancy е прва апликација која успешно заработува на Glass е поради тоа што успева да не го прекрши договорот за користење на Google API кој вели дека „компаниите во своите апликации нема да прикажуваат реклами и нема да ги наплаќаат апликациите“. Fancy едноставно само ги преусмерува корисниците на својата апликација од која корисниците може да купуваат продукти. Сервисот овозможува купување на се, од облека до тапети.

„Спонтаноста да може да откривате и да купите предмети кои ви се пред очи е многу привлечна. Гледаме микс на луѓе кои ја користап апликацијата, од high-tech дизајнери на ентериер до стилисти кои сакаат да пронајдат додатоци за облеката.“, вели основачот на Fancy, Џо Ајнхорн за Verge.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top