Можеби неодамнешен раст на биткоините ги направи интересни за инвеститорите, но не постои нешто што побрзо ќе ги избрка од небезбеден пазар. Најновите проблеми за пазарот на дигиталната валута доаѓаат по ненадејни изчезнување биткоини во вредност од 4,1 милиони долари од кинеската берза за менување на биткоини GBL, јави Coindesk.
GBL ненадајно затвори на 26 октомври, а шпекулациите за затворањето се движат од тоа дека серверите на GBL и покрај тоа треба да бидат во Хонг Конг, се наоѓале во Пекинг, но и дека компанијата воопшто немала веродостојни податоци на нивната страна туку само ги агрегирале податоците од други веб сајтови. Покрај ова вестите се и дека на компанијата никогаш не и била издадена дозвола за тргување и покрај тоа што побарале дозвола на 10 јуни. Сите овие вести укажуваат дека станува збор за криминална група која барем засега успеа да побегне со парите.
Генералната оценка е дека компанијата е направена со намера да се украдат што е можно повеќе пари од инвеститорите. Компанијата е регистрирана на лажна адреса, а во истрагата сега е вклучена и полицијата на Хонг Конг. За жал неодамна во нападот на австралиската берза – исчезнаа биткоини во вредност од над 1 милион долари кои му припаѓаа на корисникот TradeFortress.
Сепак и покрај проблемите со безбедноста вредноста на биткоините се приближува до 400 долари, а викендот повторно стигнаа до рекорднa вредност, овојпат од 395 долари.