6 коментари 1 мин. читање

Се оддржа Cisco NetRiders натпревар во Македонија

Победник на првиот Cisco NetRiders натпревар во Македонијa е Панче Цветковски, кој како награда доби iPod Touch од 4-та генерација и ваучер од Seavus во вредност од 200 евра. Cisco NetRiders e натпревар организиран од глобалната Cisco Networking академија и Академијата за компјутерски мрежи на Seavus Alexandria (ИТ академија која од неодамна се приклучи на Seavus едукативниот центар).

Панче, заедно со уште тројцата најуспешни на натпреварот ќе има можност да се натпреварува на глобалниот Cisco NetRiders натпревар на 23-ти септември, чија главна награда е платено еднонеделно патување во седиштето на Cisco во Калифорнија, САД. (им посакуваме успех!). Студентите се натпреваруваа во категорија IT Essentials и CCNA.

NetRiders натпреварите се организирани од гигантот Cisco, а целта им е да ги мотивираат студентите кои се веќе дел од некоја Cisco едукативна програма подобро да ги разгледаат и запознаат веб технологиите на компанијата и да ги зголемат своите познавања во областа на мрежното администрирање.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

6 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top