{mosimage}Microsoft објави дека 21 Октомври го прогласува за глобален ден против пиратеријата и дека истовремено ќе започне со иницијатива за едукација во 48 земји, на 5 континенти и борба против софистицираната нелегална трговија со пиратскиот софтвер.
На нивната виртуелна прес конференција по повод денот против пиратеријата беше истакнато:
"Microsoft ги презема овие чекори како дел од заложбите за соработка со заедниците, националните влади и локалните правни служби низ целиот свет, со цел да ги заштити своите потрошувачи и партнери, и да ја промовира вредноста на интелектуалната сопственост како носител на иновациите."
Како дел од овој настан, Microsoft ги потенцираше неодамнешните напори против пиратеријата во 49 земји, почнувајќи од судските процеси во САД па се до семинарот за новинари во Пакистан.
Третиот столб на напорите на Microsoft е сопствениот творечки ангажман во додавањето на програми како Windows Genuine Advantage, кои се дизајнирани со цел да го отежнат и да го направат помалку профитабилно копирањето на производите на Microsoft.
Во целина, David Finn од Microsoft вели дека софтверската индустрија бележи прогрес во одредени области. Тој посочува дека стапката на пиратерија во Западна Европа се намали на 34% од првичните 78% во 1991 година.
Но истовремено стапката на пиратерија во одредени нови пазари стои високо на 90%. Дури и во САД каде стапката е релативно ниска, околу 20%, тоа значи дека 1 од 5 инсталации се нелегалени.