Mozilla го најави Fennec

во Свет

{mosimage}Mozilla ја објави првата мобилна бета верзија од нивниот познат прелистувач Firefox. Mozilla Fennec засега е достапна само за моделите на Nokia N810 и N880. Од фондацијата најавуваат и PC емулатор кој ќе им овозможи на оние кои ќе работат на него, да ги пробаат можностите на софтверот на други платформи. Ако сте заинтересирани и ако сакате да го пробате прелистувачот а немате Nokia N810, можете до го инсталирате на вашиот компјутер (Windows, Linux или OS X) и да експериментирате со него.

"Fennec се тестира прилично напорно во
моментов, од луѓе кои сакаат да пронајдат багови" вели Mark Finkle,
мисионер во Mozilla. “Пронаоѓаме и поправаме доста работи. Сеуште не
е целосно поставен и ќе добие одредени подесувања како што работевме на
дизајнот во последно време.”

Fennec е сеуште во раните фази на развој и
требаше да има плагини како Flash, но објавувањето излезе порано од
очекувањата. Mitchell Baker, раководител на Mozilla фондацијата, неодамна
изјави дека мобилниот пребарувач нема да биде објавен пред 2010 година. Таа изјави и дека организацијата планира да издаде верзија на прелистувачот за
Windows Mobile, но не кажа никакви детали во
врска со евентуална Symbian верзија на Fennec.

{mosimage}

Важно е да се напомене дека Fennec ги користи
XUL и XML програмските јазици што овозможува секој производител на мобилни
телефони да направи сопствен дизајн на интерфејсот. Нормално како и досега, за
разлика од Opera, Mozilla Fennec ќе биде потполно бесплатен софвер.

Нема сомнение дека Mozilla ќе ја достигне
конкуренцијата иако за тоа можеби ќе и треба повеќе време, крајот најверојатно
ќе резултира со солиден, брз и стабилен мобилен прелистувач кој ќе се наоѓа на мобилните
телефони од новата генерација.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments