0 коментари 2 мин. читање 20 август, 2013

Апликација на денот: Извршување на команди на Android од далечина со SMS Tasks

Една од најдобрите можности на Android телефоните е штп, доколку е рутиран, можете да правите што сакате. Пример за тоа е апликацијата SMS Tasks, развиена од член на XDA Developers форумот, со која одредени дојдовни пораки може да предизвикат извршување на одредени задачи на вашиот Android телефон. Апликацијата нуди можности од ресетирање на вашиот телефон, исклучување/вклучување на различни модули и извршување на уште неколку други команди.

При стартувањето на апликацијата, ќе морате да дозволите рут пристап, инаку не би биле во можност да ги користите сите функции што ги нуди SMS Tasks. Дополнително, препорачливо е да поставите лозинка, така што ќе оневозможите некој друг да му задава команди на вашиот телефон. За да ги извршувате дозволените команди, потребно е само да испратите SMS порака од некој друг уред, заедно со операцијата што сакате да ја извршите.

  • Исклучување и ресетирање на телефонот (root)
  • Извршување на команди во терминалот (root)
  • Бришење на апликации (root)
  • Заобилокување на екранот за отклучување на телефонот (root)
  • Бришење на SD картичката
  • Вклучување/Исклучување на Wi-Fi, Bluetooth, NFC и др.
  • Вклучување и исклучување на аларм
  • Читање на сите пораки
  • Наредба за вашиот телефон да го чита текстот што му го испраќате
  • Следење преку GPS

Повеќе околу апликацијата и кои команди ги содржи можете да прочитате на темата на XDA Developers форумот. SMS Tasks во моментот сè уште е во развој и не е достапна на Google Play, но можете да ја преземете од овде и да ја инсталирате.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top