Уредникот на британскиот весник Guardian, Алан Русбриџер, во неверојатен блог пост откри дека британските власти уништиле хард-дискови на весникот за да го спречат објавувањето на документите од Едвард Сноуден. Г. Сноуден, поранешен аналитичар на CIA, е изворот на документи кои откриваат дека американските власти имаaт проект со кој можат да набљудуваат кого сакаат на интернет.
Според г. Русбриџер, извештаите кои ги објавува весникот – познат и по објавувањето на документи од Wikileaks – „отвараат дебата во Америка и Европа за јавниот интерес во балансот помеѓу безбедноста, граѓанските слободи, слободата на говор и приватност“, но доверливост на тие документи, и можните последици од нивно објавување, не ги оправдува властите да конфискуваат опрема или да заплашуваат и апсат новинари. Пред два дена Дејвид Миранда, партнер на новинарот на Guardian, Глен Гринвалд, кој ги објавува документите за NSA, беше уапсен и испрашуван девет часа на лондонскиот аеродром Хитроу, а неговата опрема беше конфискуван под обвиненија за тероризам. Г. Миранда ќе поднесе тужба против британските власти, но Guardian не е инволвиран во таа тужба.
„Тие [новинарите] запрашаа вознемирувачки прашања околу разузнавањето; за користењето на затворени судови; за тајните врски помеѓу владите и големите корпорации; и за тоа како може милиони граѓани рутински да бидат набљудувани, а нивните разговори пресретнати, преслушани, анализирани и складирани.“, пишува во блог постот.
Во блог постот во кое го дискутира апсењето на г. Миранда, уредникот на Guardian, г. Русбриџер, вели дека пред два месеци бил посетен од британските власти кои сакале да ги конфискуваат дисковите на весниците. Луѓето од Вајтхал (административниот центар на британската власт) неколку пати ги барале документите назад со зборовите „Се забавувате, сега си ги сакаме работите назад. Нема потреба да пишувате повеќе“. Имало и закани дека властите ќе поднесат тужба за затварање на Guardian.
And worth re-reading this big piece on GCHQ – published *after* smashing of hard drives #NSA http://t.co/IqayWUQquT
— alan rusbridger (@arusbridger) August 20, 2013
Но, г. Русбринџер им објаснил дека запленувањето на дисковите нема да ги спречи да ги објавуваат документите за набљудувањето на NSA, бидејќи природата на интернациналната соработка е променета со денешната технологија. Уапсениот новинар Миранда живее и работи во Бразил, а повеќето од извештаите се објавени во САД, не во Британија. Но, службениците изгледале дека не го разбираат, па на крај уништиле куп хард-дискови од подрумот на Guaridan и ги изпразниле лаптопите на новинарите.
„Вајтхал беше задоволен, но тоа изгледаше како беспотребен акт на симболизам дека тие не разбираат ништо за дигиталната ера. Ние ќе продолжиме со упорното објавување на документите на Сноуден, но тоа нема да го правиме во Лондон. Конфискувањето на лаптопите, телефоните, дисковите и камерата на Миранда, едноставно нема никаков ефект врз работата на Гринвалд.“, објаснува г. Русбринџер.







