0 коментари 2 мин. читање

Gone Home е игра за истражување, без пушки и непријатели

Gone Home е видео игра која ќе се обиде да направи поинаку да ги гледате игрите кои се презентираат во прво лице. Играта доаѓа од новото студио The Fullbright Company, и интересно како и авторот на The Novelist за која пишувавме претходно, составено е од членови кои работеле на содржина за BioShock 2.

Дел од играчите ќе се присетат на авантурите и хорорите кои беа составен дел од игрите во прво лице пред жанрот да биде целосно преплавен од наслови како Call of Duty и Battlefield. Авторите на Gone Home сакаат од игрите во иднина да направат забавни симулации, но уште поважно да имплементираат подлабока приказна.

[youtube]sqSbYsUalMQ[/youtube]

Во играта во која нема оружје ниту непријатели, а ниту останати карактери. Играчите се во улога на Кејтлин Гринбријар, студентка која се враќа дома по една година помината во Европа. Откако ќе дознае дека куќата е потполно празна, Кејт треба да дознае што се случило и каде се нејзините родители и помалата сестра Сем. Покрај главната приказна во играта се испреплетени повеќе предмети од кој може да се дознаат повеќе детали за семејството Гринбријар. Како за главната приказна и овие предмети се скриени во фиоките, плакарите и останати локации низ куќата.

„Мислам дека во видео игрите е многу поедноставно да се поистоветите со карактер на кој не му го гледате ликот. Нивниот глас и нивното присуство во светот е посилно отколку да бидете во иста соба со нив . Вашата фантазија ги пополнува празнините многу подобро од нас“, вели Стив Гејнор за The Verge.

Gone Home е достапна на Steam за Windows, Linux и Mac, а чини 19 евра или околу 1.160 денари.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top