2 коментари 1 мин. читање

Мicrosoft во „unboxing" видео ја претстави финалната верзија на Xbox One

Microsoft за првпат ја покажа содржината на Xbox One пакувањето. Станува збор за финалната верзија на конзолата, истата која ќе ја добијат и купувачите. Покрај конзолата и контролерот, како и што беше најавено, во пакувањето е додаден и Kinect 2.0 сензорот. Изненадување за корисниците ќе бидат Xbox One слушалките кои досега не беа споменувани, а ќе доаѓаат во пакувањето. Слушалките се креирани имајќи го во предвид подобрениот квалитет на звук кој го најавува Microsoft. HDMI кабелот кој доаѓа во кутијата поддржува резолуција до 4К. Контролерот е еден од најистакнатите делови на новата конзола, а има можност за полнење на батериите преку USB порт.

За жал, најголем дел од функционалноста на Xbox One ќе бара претплата. Дел од оваа услуга опфаќа снимање и споделување на видеа од гејмплеј, Skype видео разговори или користење на услуга која пронаѓа противници за играње. Покрај ова за мултиплеер играње, како и за Netflix, корисниците ќе треба да се претплатат на Live Gold претплатата, која чини 60 долари годишно. Засега нема најава за почеток на продажбата, но вообичаен период за почеток на продажбата на козоли е пред новогодишните празници кога е најголема и побарувачката. Цената на конзолата е 500 долари.

[youtube]lbrmAsxJPv4[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top