0 коментари 2 мин. читање

Дали Apple на 10-ти септември ќе го претстави поевтиниот iPhone?

Новиот iPhone доаѓа на 10 септември, велат извори за All Things DIgital. Неколку претходни извештаи ја споменаа поевтината верзија на iPhone 5, но засега нема најава дека на овој датум ќе ја видиме и споменатата верзија на iPhone од средна класа. Праксата на Apple да ја намали цената на постарите модели за 100, односно 200 долари најверојатно ќе продолжи и со издавањето на iPhone 5S.

Највозбудлива новина на iPhone без сомневање ќе биде новата верзија на оперативниот систем iOS 7. Покрај целосниот редизајн на изгледот на iOS-от, изгледа дека поголемиот дел од надградбата ќе бидат помали дотерувања на оперативниот систем. Покрај ова веќе подолго време се шпекулира со биометриски скенер со кој ќе се заштити телефонот.

Вообичаено во вакви пригоди може да очекуваме и објавување на надградби на OS X, иако засега настанот не е поврзан со OS X објава. Иако не е најавено, презентацијата може да ни покаже и Apple TV, но и првата презентација на iWatch кој сепак е далеку од готов проект.

Еве дел од очекувањата за новата верзија на iPhone според The Next Web:

  • Ист дизајн со IPhone 5,
  • Apple ќе престане со производството на претходните модели, со цел да се фокусира на моделите кои доаѓаат,
  • Димензиите на екранот ќе останат исти 4-инчен, но постои можност за различен екран,
  • Доколку дојде со нова верзија на дисплејот се очекува да биде поекономича со што ќе го продолжи траењето на батеријата,
  • Камера од 12-13 мегапиксели и dual-LED блиц,
  • Сензор кој ќе ги чита отпечатоците од прстите,
  • Нова поевтина верзија на телефонот, која најверојатно ќе биде презентирана под името iPhone 5C.
Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top