Основачите на YouTube ги напаѓаат Vine и Instagram со MixBit

во Веб, Мобилни

Oсновачите на YouTube, Чед Харли и Стив Чен, официјално ja објавија својата нова видеo апликација – MixBit. Овој сервис, кој беше најавен во март, од денес им е достапен на сите корисници на iOS, a наскоро и на сите корисници на Android.

MixBit на корисниците им овозможува заедничко создавање на видео содржина. Тие може да снимаат видеа во времетраење од една секунда до еден час, и да ги комбинираат своите снимки со тие објавени од останатите корисници. Видео снимките што ги објавуваат корисниците се сечат на клипови од по 16 секунди, a секој клип е обележан со различна боја. Секоја целина може да се состои од најмногу 256 клипови.

Ваквиот начин на снимање им овозможува на корисниците полесно монтирање на новата содржина, а исто така, може да биде искомбиниран со било кој друг видео материјал веќе достапен на сервисот. Иако видеата се поделени на 16 секунди, кога истите се гледаат преку самиот сајт воопшто не се забележува дека се работи за посебни видеа. Целата таа поделба е направена за подобро монтирање.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk