Microsoft ја објави новата верзија на Skype за Windows Phone 8 оперативниот систем, кој е подобрен според критиките од корисниците и во кој се додадени:
- Филтрирање на листата на пријатели со што сега корисниците ќе може да ги гледаат само пријателите што се достапни, наместо да ги гледаат сите луѓе;
- Почетен екран е подобрен во однос на дизајнот. Исто така, намалена е коцката за омилени контакти;
- Останати поправки и подобрувања во брзината.
Skype за Windows Phone 8 можете да го преземете од овде или да извршите надградба директно преку вашиот мобилен телефон.

Коментари
Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.