0 коментари 2 мин. читање 30 јули, 2013

Facebook ќе стане издавач на мобилни игри

Mobile Games Publishing е нова иницијатива со која Facebook ќе им помага на програмерите полесно да ги дистрибуираат своите игри до мобилните корисници. Идејата е преку издавањето Facebook да има контрола врз таргетирање на специфична публика која може да биде заинтересирана за игрите, и со тоа да ги зголеми приходите од мобилните апликации. Во изминатиов квартал дури 41 отсто (656 милиони долари) од приходите на мрежата дошле од мобилната платформа.

Но, иако се знае дека друштвената мрежа ќе зема процент од приходот на играта, не се знае дали тој процент ќе доаѓа од рекламите или микро-трансакциите во игрите. Facebook веќе зема 30% од сите трансакции преку апликациите објавени на мрежата, но не и преку мобилните верзии кои се независни од Facebook, и кои ги плаќаат своите 30% на Apple и Google. Покрај промовирањето на играта, на програмерите и гејминг студијата ќе им бидат понудени алатки за аналитика за полесно да ја разберат интеракцијата на играчот со апликацијата.

Mobile Games Publishing е отворена за помалите и средните гејминг студија кои ќе бидат оценети од Facebook дека имаат потенцијал. Платформата ќе биде одлична за независните студија, и можеби и за други поголеми идни партнери. Facebook објави дека меѓу почетните партнери е и францускиот гејминг гигант Gameloft со новата игра Kingdoms & Lords.

„Со над 800 милиони мобилни корисници месечно, и над 260 милиони луѓе кои играат игри на Facebook, ќе започнеме со уникатно таргетирање за да им помогнеме на игрите да најдат вредна публика.“, вели Facebook во блог пост.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top