The Elder Scrolls Online и понатаму останува исклучително популарна ММО игра. 2020 година беше преполна со содржини специјално за љубителите на Skyrim, а 2021 целосно се фокусира на Oblivion. Ова се петте клучни работи кои неодамна се открија за играта!
- Првото DLC се вика Flames of Ambition, а ќе излезе на 8 март. Како што беше и претходните години, така и во оваа, додатокот ќе понуди две нови PvE зандани. Овојпат, меѓутоа, ќе се спротиставите на Mehrunes Dagon. Занданите се замислени во сличен дух како и сите претходни, а ќе можете бесплатно да навлезете во нив доколку имате месечна претплата.
- Главната експанзија, односно поглавје се вика Blackwood, а ќе излезе на 1 јуни. Оваа поглавје ќе донесе нова приказна низ целосно нова мапа во која ќе се наоѓаат зоните Niben Forest, Blackwood Bog, и градот Leyawiin.
- Со оваа експанзија доаѓа и целосно нов систем за сопатници. Системот ќе ви дозволи да регрутирате NPC ликови кои ќе ве следат насекаде низ огромниот свет. Секој од сопатниците си има лична приказна и вештини кои ќе можете да ги надградувате.
- Rockgrove ќе биде нов Trial со до 12 играчи, а покрај него ќе имате и нови јавни зандани, босови и тони квестови.
- Третото DLC повторно ќе биде со две зандани, а четвртото и последното за 2021 година ќе ве одведе во Deadlands, домот на Mehrunes Dagon.
Blackwood веќе може предвреме да се нарача и, доколку го направите тоа, добивате едно животно за јавање, едно милениче и уште неколку работи од козметичка вредност.
Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови







