0 коментари 1 мин. читање 5 јули, 2013

Mega ја објави својата апликација за Android, достапна наскоро за iOS и Windows Phone

Mega, новиот сервис на контроверзниот Ким Дотком за складирање на фајлови во облакот, официјално пристигна на Android. Во финална фаза се и апликациите за iOS и Windows Phone кои ќе бидат објавени многу наскоро.

Апликацијата работи на тој начин што се поврзува со вашиот профил на Mega, и ви овозможува да прикачувате и преземате фајлови. Една корисна опција е тоа што ќе можете да ги синхронизирате вашите мултимедијални податоци за автоматско прикачување на Mega.

Податоците кои се прикачени на Mega се целосно енкриптирани, со код за декриптирање кој го добива корисникот. Апликацијата е достапна во Google Play и можете да ја преземете бесплатно.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top