3 коментари 1 мин. читање

Start копчето се врати на Windows 8, еве како изгледа…

Неодамна Microsoft го најави враќањето на Start копчето на Windows 8, а веќе се појавија и првите скриншоти на кои се гледа „повратникот“. На објавениот екран се гледа и како ќе изгледа „boot-to-desktop“ екранот.

Притискање на Start копчето наместо на Windows мени ќе го отвора почетниот екран. За корисниците на кои не им се допаѓаа новиот сегашниот изглед на Windows 8, Microsoft подготвува и нова опција за отворање на Apps екранот, која ќе им биде достапна на корисниците кои одбрале да не ги гледаат Tiles полињата, јавува ZDNet.

Microsoft работи и на опција која ќе им овoзможува на корисниците да имаат ист екран на Metro и на десктоп екраните. Очекувањето е дека Windows Blue ќе и биде достапен на јавноста за разгледување на 26 јуни, поточно на првиот ден на Microsoft Build 2013.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top