Samsung официјално го претстави Galaxy S4 Мini – моќна, и компактна верзија на новиот Galaxy S4. За разлика од поголемиот 4,9 инчен S4, Mini верзијата има 4,3 инчен super AMOLED екран, 1,7 GHz процесор со две јадра, 1,5 GB RAM и 8 GB простор. Во него има спакувано куп опции на Samsung. Така Mini ќе има Sound & Shot опција за фотографирање со звук, S Travel пликација, Story Album, Group Play, ChatON, S Translator, WAtchON, S Health итн. Samsung веќе продаде 10 милиони S4 уреди за еден месец – за споредба на S3 му требаше двојно повеќе време за да стигне до таа бројка – па претставувањето на S4 Mini не е за изненадување бидејќи има пазар подготвен да го купи тој уред.
Но, очекувајте S4 Мinи да биде и далеку поскап од конкурентните уреди. Ако искуството со S3 и S3 Мini e показател за тоа што треба да го очекуваме, тогаш Mini верзијата на S4 ќе биде послаба и поспора од поголемиот брат и flagship уредите на македонскиот пазар, пример S3, HTC One и iPhone, но далеку помоќна од сите други mid-range телефони. Цената на S3 во моментов е околу 20.000 денари за само телефон, а S4 Mini би очекувале да биде околу 24-25.000 земајќи во обзир дека претходникот сè уште е конкурентен на пазарот.








